Моравјецки сака да го замени Мелони на чело на европските конзервативци и реформисти

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки се бори за позицијата шеф на групата на европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) во Европскиот парламент, позиција која моментално ја има италијанскиот премиер Џордија Мелони, јавуваат полските медиуми.

На почетокот на август полскиот магазин „Впрост“ објави дека поранешниот премиер би можел да се договори со Мелони да ја замени на местото претседател на ЕЦР, но дека се уште ништо не е решено, пренесува Еурактив.

„Преговорите се во тек. Шансите се 50/50. Сè уште ништо не е решено“, изјави извор близок до Моравјецки за полскиот портал Факт, додавајќи дека Мелони „не сака да се повлече“ од функцијата лидер на ECR.

Слични содржини