Колин Фарел откри која улога му била најголемиот предизвик

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Ирскиот актер Колин Фарел отелотвори бројни ликови во својата кариера, но една улога била најпредизвикувачкa за него. Тој призна дека подготовката за улогата на војсководец и император Александар Велики во филмот на Оливер Стоун „Александар“ од 2004 година било вистински предизвик.

Како што пренесува Far Out Magazine, Фарел открил во интервју за Би-Би-Си дека неговата улога во Александар се покажала како најпредизвикувачка во однос на подготовката и работата со други ликови.

Овој филм доби многу критики кога излезе, а Фарел призна дека се чувствувал како лош актер по лошиот резултат на филмот, пренесува „Индекс“.

„Тоа беше најголемиот предизвик во мојот живот. Сакам предизвици. Мислам дека удобноста е најголемиот непријател на актерот затоа што лесен начин е секогаш достапен и се надевам дека никогаш нема да го прифатам. Ми се допаѓа што Александар беше човек со визија и ништо не му застана на патот да ја постигне“, рече Фарел и додаде: „Не мислам дека таа визија се засноваше само на алчност и желба за поседување. Беше страстен. Сите ние треба да имаме страст во животот. Тој беше човек кој за малку ќе се удавеше во таа страст и она што го создаде таа страст“, ​​рече Фарел.

Слични содржини