66
Реновирањето на „Камп Ноу“, домот на Барселона, напредува и се очекува стадионот да биде завршен до крајот на 2024 година или почетокот на 2025 година.
Во понеделникот шпанскиот гигант објави слики од идниот стадион кој ќе има капацитет од 105.000 гледачи. До завршување на работите, клубот ќе продолжи да ги игра своите натпревари на стадионот „Монжуик“.
Новиот стадион ќе биде еден од најголемите и најмодерни спортски комплекси во Европа, а инвестицијата е вредна 1,5 милијарди евра.
Ќе зафаќа 18 хектари во центарот на Барселона и ќе има покрив од 350.000 метри квадратни, се пофали каталонскиот клуб.
Tic, tac ⏳ pic.twitter.com/0I17jxZuk0
— FC Barcelona (@fcbarcelona_fra) August 19, 2024