Фоуден и Палмер добија големо признание во Англија

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Фил Фоуден, ја доби наградата за најдобар фудбалер на годината на Здружението на професионални фудбалери (ПФА). Притоа, репрезентативецот на „Трите лава“, кој постигна 19 гола во 35 лигашки натпревари минатата сезона, ги освои сите три главни индивидуални награди на Англија. По завршувањето на минатата сезона тој ја доби наградата на Премиер лигата за најдобар фудбалер, како и наградата која ја доделува Здружението на фудбалски новинари.

Фоуден ги победи соиграчите Ерлинг Халанд, кој беше минатогодишен победник, и Родри, како и Кол Палмер, Мартин Одегард и Оли Воткинс, кои беа другите номинирани.

Кол Палмер (22) заслужено ја освои наградата за млад играч на годината минатата сезона, откако во првата кампања со Челси постигна 22 гола на 33 натпревари. Ги победи Букајо Сака, Коби Мајну, Алехандро Гарначо, Мајкл Олисе и Жоао Педро.

За прв пат од сезоната 2009/10 двете награди им припаднаа на англиските фудбалери. Тогаш победија Вејн Руни и Џејмс Милнер.

Во тимот на сезоната се очекуваше да доминираат играчите на Манчестер Сити и Арсенал, кои до крајот се бореа за титулата минатата сезона. Исклучок се само капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк и стрелецот на Астон Вила, Оли Воткинс. Сепак, интересно е што Кол Палмер не наоѓа место во оваа единаесетка.

Еве го идеалниот состав: Давид Раја (Арсенал), Кајл Вокер (Манчестер Сити), Габриел Магалеас (Арсенал), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Вилијам Салиба (Арсенал), Родри (Манчестер Сити), Деклан Рајс (Арсенал), Мартин Одегард (Арсенал), Фил Фоуден (Манчестер Сити), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Оли Воткинс (Астон Вила)

Слични содржини