Пријателите на Џенифер Лопез: „Уморни сме од нејзиниот хаотичен љубовен живот“

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Џенифер Лопез се разведува од Бен Афлек. Пејачката поднесе барање за развод во вторникот во Лос Анџелес, на втората годишнина од бракот. На 55-годишната Лопез ова и е четврти неуспешен брак, а извор близок до пејачката открил дека нејзините пријатели се уморни од нејзиниот хаотичен љубовен живот.

„По четири неуспешни бракови, нејзините пријатели мислат дека треба да се справи со себе и да се фокусира на себе наместо на тоа што другите сакаат од неа и конечно да открие која е таа и што сака од нејзината иднина“, изјави тој за „Дејли Меил“.

„Тој одамна заврши со неа“

Изворот откри и дека Лопез намерно поднела барање за развод на втората годишнина од бракот, но и дека Бен одамна завршил со неа.

Џенифер рече дека веќе ѝ здосадило понижувањето на Бен и дека намерно чекала до нивната втора годишнина за да го „намести“. Но, тој не бил повреден. Тој одамна заврши со неа и таа длабоко во себе го знае тоа. Тој и дозволи да го направи ова само за да ја направи негативец во целата приказна“, откри тој.

Со месеци се расправаа за имотот

Џенифер и Бен наводно со месеци се расправале за поделба на имотот и на моменти воопшто не зборувале. Тие не потпишале предбрачен договор, а нејзината нето вредност е 400 милиони долари, додека нето вредноста на Бен се проценува на 150 милиони долари.

Во мај објавија дека ја продаваат својата вила на Беверли Хилс вредна 68 милиони долари, а два месеци подоцна актерот се исели од нивниот заеднички дом.

Таа го посети за неговиот роденден

Лопез минатата недела беше снимена како го напушта изнајмениот дом на Бен во Брентвуд, посетувајќи го на неговиот 52-ри роденден со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер и нивните деца, со кои таа останува блиска.

Инаку, Лопез беше во брак со актерот Ојанија Ноа, а потоа и со танчерот и актер Крис Џад. Нејзиниот трет брак беше со пејачот Марк Ентони, со кој ги има 16-годишните близнаци Макс и Ема.

Слични содржини