Жоао Феликс повторно е играч на Челси, „сините“ ја минаа границата од 200 милиони фунти

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Челси и официјално го објави трансферот на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид. Според англиските медиуми, зделката е вредна 46,3 милиони фунти, од кои 4,3 милиони се во форма на бонуси. 24-годишниот Португалец потпиша седумгодишен договор со „сините“.

Феликс се враќа на „Стемфорд Бриџ“ каде играше како позајмен во втората половина од сезоната 2022/23. Тогаш постигна само четири гола на 16 натпревари во Премиер лигата. Минатата кампања Португалецот играше како позајмен во Барселона, постигнувајќи 10 гола во 44 натпревари за Каталонците.

Феликс е 11-то ново засилување на Челси ова лето, а неговиот трансфер уште еднаш надмина 200 милиони фунти потрошени од клубот за нови играчи.

„Навистина сум среќен што се враќам во Челси и едвај чекам да започнам. Гледам некои познати фаци од минатиот пат, што е секогаш убаво. Го сакав времето што го поминав овде, па затоа им кажав на пријателите и семејството дека би сакал да се вратам во Премиер лигата. Чувството да се направи ова со Челси е одлично. Возбуден сум поради моето враќање“, изјави Феликс за веб-страницата на лондончани.

Слични содржини