– Премиерот Христијан Мицкоски во неверојатна изјава за медиумите рече дека владината коалиција функционирала беспрекорно. Тој со тоа потврдува дека сите заеднички афери на коалициските партнери ДПМНЕ и Вреди не придонесуваат да се нарушат односите и тој ќе ги штити оние кои го кршат законот, велат од СДСМ.
„Толку беше од неговите гласни ветувања за политичка одговорност, сега беспрекорно ќе се штитат меѓусебно во кршењетона законите, своеволието и криењето на скандалите.
Мицкоски наместо да биде коректор на лошите политики и однесување на функционерите во неговата коалиција, тој се постави како заштитник и промотор на ваквите политичари. Со оваа изјава, можеме да бидеме сигурни дека одговорност кај ниеден функционер нема да има, ниту кај оние од ВМРО-ДПМНЕ ниту кај коалициските партнери“, наведено е во партиското сооштение.