Астон Вила преговара за Стерлинг

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Астон Вила и Челси направија првични разговори за можен трансфер на Рахим Стерлинг. Поранешниот играч на Ливерпул стана дел од голема група играчи кои не се вклучени во сметките на Енцо Мареска и лондончани бараат купувачи за нив. Од „Стемфорд Бриџ“ веќе разговарале со неколку заинтересирани клубови, а интерес за неговите услуги пријавил и тимот од Бирмингем, но преговорите се во многу рана фаза.

Според англиските медиуми, Стерлинг преферира да остане во Премиер лигата, но сигурно мора да си ја намали платата која моментално изнесува 325.000 фунти неделно. Се уште не е јасно колкава сума за трансфер ќе бара Челси за 29-годишниот крилен напаѓач.

Другиот клуб од Премиер лигата кој веќе покажа интерес е Кристал Палас. Опција за Стерлинг е Јувентус, кој сепак веќе преговара со Манчестер Јунајтед за Џејден Санчо.

Слични содржини