Диџејот од Солинген за нападот со нож: „Ми рекоа да продолжам да пуштам музика“

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Германскиот диџеј со уметничко име Топик, кој настапувал на блиската бина на градскиот фестивал во Солинген кога се случи нападот во кој загинаа три лица, се огласи на Инстаграм.

Тој вели дека персоналот за безбедност му кажал за нападот и побарал од него да продолжи да ја пушта музиката за „да се избегне масовна паника“.

„Продолжив да пуштам музика, но беше неверојатно тешко“, пишува тој. „После 10-15 минути музиката конечно беше прекината и луѓето беа информирани за инцидентот“.

Топик, кој е од Солинген, додава дека се сокрил во блиската продавница бидејќи напаѓачот се уште бил во бегство. Тој вели дека видел полициски хеликоптери како му кружат над главата.

Слични содржини