Како што објави Кадена СЕР во неделата, како и бројни други извори, Реал Сосиедад е во завршна фаза од преговорите со Матс Хумелс.
Реал Сосиедад од почетокот на неделата покажа интерес за Хумелс кој од почетокот на сезоната е слободен играч.
Како што стојат работите, преговорите практично се завршени и Хумелс наскоро би можел да потпише едногодишен договор со Сосиедад.
Од Кадена СЕР наведуваат дека останува само потписот и дека триесет и петгодишниот веќе се договорил со клубот.
Шпанскиот извор дури додава дека едногодишниот договор ќе содржи опција за продолжување на соработката на уште една сезона и дека договорот ќе биде потпишан во понеделник.
Затоа, Хумелс би можел да му биде на располагање на тимот веќе во среда за натпреварот против Алавес.
Сосиедад во Хумелс гледа замена за Робин ле Норманд, кој на почетокот на месецот се пресели во Атлетико Мадрид.
Хумелс е слободен играч од 1 јули откако не го продолжи договорот со Борусија Дортмунд.
Откако ја започна својата професионална кариера во 2006 година, Хумелс играше само во Германија и само во два клуба – Баерн и Дортмунд.