41
Пекинг ги повика Соединетите Американски Држави да престанат со „својата погрешна практика“ откако кинеските компании беа ставени на списокот на субјекти кои подлежат на санкции за, како што рече Вашингтон, и помагаат на Русија во војната во Украина.
„Кина цврсто се противи на санкциите и ќе ги преземе неопходните мерки за одлучно да ги заштити легитимните права и интереси на кинеските компании“, соопшти кинеското Министерство за трговија, пренесе „Блумберг“.
Министерството за финансии на САД во петокот објави список на санкционирани субјекти, вклучувајќи руски државјани и компании во Хонг Конг и Кина.