Винисиус не сака да го продолжи договорот со Реал – другото лето ќе ја разгледува најголемата понуда во историјата

од Vladimir Zorba
43 прегледи

БРАЗИЛСКИОТ фудбалер Винисиус Жуниор остатокот од оваа сезона ќе го игра во Реал Мадрид, а потоа ќе ја разгледа понудата од Саудиска Арабија, пишува ESPN. Тој има договор со Кралскиот клуб на уште три години, односно до летото 2027 година, но летово пристигна најголемата понуда во историјата на фудбалот.

Винисиус има откупна клаузула од 1 милијарда евра, која Ал-Ахли е подготвен да ја плати за еден од најдобрите играчи во светот. Бразилскиот крилен напаѓач на тој начин би станал амбасадор на Светското првенство во Саудиска Арабија, кое треба да се одржи во 2034 година.

Раководството на Реал наводно сакало да ги спречи Арапите со обновување на неговиот договор, но агентот на играчот не го дозволил тоа бидејќи сакаат да размислуваат за заминување во Саудиска Арабија. Во случај на негово заминување тоа би бил најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, а би ја имал и најголемата плата во историјата на спортот.

Тој е во Реал Мадрид од 2018 година. Одигра 267 натпревари, на кои постигна 83 гола и 77 пати асистираше. На 24 години тој сè уште не го достигнал својот врв иако освои две ЛШ и три шампионати на Шпанија. Тој е редовен кандидат за „Златната топка“, но се уште ја нема освоено.

Слични содржини