23
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека утре ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.
ВМРО-ДПМНЕ од вчера почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели.
Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција рече дека ќе одговара, ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.