65
Во Австралија е усвоен Закон според кој вработените имаат право да ги игнорираат претпоставените доколку ги повикаат по работното време, пишуваат британските медиуми.
Работодавците сè уште имаат право да се обидат да контактираат со своите вработени, но сега тие имаат право да го одбијат повикот или да не одговорат на него, освен доколку таквата одлука не се протолкува како „неразумна“.
Новата законска одредба значи дека работникот може да одбие да чита или да одговори на пораки од работодавачот или трето лице, на пример, клиент на фирмата, а сите несогласувања за итноста на известувањето ќе ги решава владината Комисија за чесна работа, ФВЦ (FVC).