„Состојбата му е сериозна, не можат да го оперираат“: Словенечките медиуми за тешката болест на Бора Ѓорѓевиќ

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ со денови е во болница поради лоша здравствена состојба. Бора лежи во болница во Љубљана, каде што живее со сопругата Дубравка, која го посети викендов.

За состојбата на српскиот рокер јавуваат и словенечките медиуми. Според нив, Бора се уште е во тешка состојба, а лекарите се борат да го извлечат.

„Бора Ѓорѓевиќ е хоспитализиран во Љубљанскиот клинички центар поради тешко воспаление на белите дробови“, „Бора е на вентилатор, неговата состојба е сериозна“, „Фронтменот на „Рибља чорба“ е на респиратор, лекарите не можат да го оперираат“, се само дел од насловите за пејачот, а повеќето се однесуваат на информации од српските медиуми.

Да потсетиме, менаџерот на Бора, Бане Обрадовиќ вчера зборуваше за српски „Телеграф“ и откри во каква состојба е музичарот.

– Состојбата на Бора не е променета веќе три дена, тој е интубиран во болница, легнат. Сите се надеваме дека ќе не израдува со будење. Ништо не му е направено, лежи, состојбата е стабилна. Ништо не му е направено, ниту операција, ниту интервенција, трет ден лежи интубиран. Кога ќе му се подобри состојбата, бидејќи белите дробови му се многу лоши, па здравје боже да се разбуди, што сите би го посакале – изјави Бане Обрадовиќ.

Слични содржини