32
Челси и Манчестер Јунајтед би можеле да разменат играчи, објави „Дејли Мејл“ во вторникот.
Лондонскиот клуб е подготвен да го вклучи Рахим Стерлинг во евентуалниот договор за Џејден Санчо.
29-годишниот Стерлинг би можел да се согласи да игра на „Олд Трафорд“ и покрај фактот што седум години настапуваше во Манчестер Сити.
Доколку се постигне договор меѓу раководствата на клубовите, на крилниот напаѓач ќе му треба малку време да размисли дали да игра за Јунајтед.
Неделната плата на Стерлинг од 325.000 фунти може да биде пречка за постигнување договор.
Санчо заработува 300.000 фунти неделно, што исто така не се вклопува во намалените плати на Челси.