Посетата што шефот на ЦИА, Вилијам Барнс ја имаше во Приштина минатата недела е повторно во центарот на вниманието. Аналитичарите во Косово тврдат дека Бернс, покрај Курти и Османи, се сретнал и со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, пишуваат косовските медиуми.
Дали Али Ахмети, првиот човек на ДУИ се сретнал со шефот на ЦИА во Приштина? Ова е дилемата што ја отворија аналитичарите во дебатна емисија на ТВ Клан Косово кои тврдат дека за време на посетата на Приштина, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, покрај средбите со косовските претставници, се сретнал и со политички личности од Северна Македонија и Албанија.
„Луѓето и личноста што дојдоа, не е тешко..
Дали е тоа Еди Рама?
– Можам да кажам дека дојдоа од Северна Македонија и Албанија…“ , вели еден од соговорниците.
За време на престојот во соседството, директорот на Американската разузнавачка агенција ЦИА ги посети Босна и Херцеговина, Косово и Србија.