Жител на Грчец кој престојувал во автокамп во Охрид пријавил дека кумановец му се заканувал со моторна пила.
„Во вторникот во 19.48 часот во СВР Охрид, В.А.(61) од Куманово, со престој во Охрид, пријавил дека во автокамп во Охрид бил физички нападнат од Б.А. од Скопје, кој употребил тврд предмет. Исто така во 22.30 часот Х.Б.(18) од село Грчец, Сскопско, пријавил дека В.А. му се заканувал со моторна пила и бил каснат од кучето на В.А.“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.