Кејт и Вилијам со посебна порака за британските параолимпијци

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Принцот и принцезата од Велс ги прекинаа последните денови од нивниот летен одмор за да испратат посебна порака. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го поминаа викендот во Балморал на нивното годишно патување со остатокот од кралското семејство и уживаа во последните неколку заеднички денови. Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис се враќаат на училиште во недела.

Сепак, тие денеска одвоија време да му посакаат среќа на Параолимпискиот тим на Велика Британија утрово преку социјалните мрежи. Имено, вечерва во Париз во 20 часот свеченото отворање на Параолимписките игри со дефиле на учесниците.

Пораката на кралскиот пар гласеше:

„Се радуваме на уште неколку недели неверојатен спорт! Најдобро им посакуваме на нашите спортисти на @ParalympicsGB и сите оние кои се натпреваруваат на #Paris2024“.

Објавата беше потпишана од V&C, што значи дека беше лична порака од Вилијам и Кејт. Парот присуствуваше на церемонијата на отворањето на Параолимпијадата во Лондон 2012 година.

Да потсетиме, принцезата Кејт Мидлтон во март објави дека се лекува од рак. Таа го направи своето прво јавно појавување откако ја објави дијагнозата на церемонијата на „Trooping the Color“ во Лондон и му го врачи трофејот на победникот на „Вимблдон“ на Карлос Алкараз, пренесе „Мирор“.

Слични содржини