Лоши вести за Френки де Јонг и Барселона

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Играчот од средниот ред на Барселона – Френки де Јонг, се уште не може целосно да се опорави од тешката повреда која ја доби пред неколку месеци на дербито со Реал Мадрид.

Во април годинава Холанѓанецот се повреди по дуел со Феде Валверде, а повредата го спречи играчот од средниот ред да учествува на УЕФА ЕУРО 2024 година.

Иако оттогаш поминаа неколку месеци, Де Јонг се уште чувствува болки во скочниот зглоб и не може целосно да тренира.

Во моментов медицинскиот штаб на Барселона спроведува конзервативен третман на фудбалерот, но се чини дека ситуацијата не му оди најдобро. Според RAC1, Де Јонг ќе мора да оди на операција за целосно да се реши проблемот.

Ваквиот развој на ситуацијата ќе го оддалечи Де Јонг од теренот уште неколку месеци.

Слични содржини