Амстердамскиот аеродром „Шипхол“ денеска објави дека во следните пет години ќе инвестира рекордни шест милијарди евра во подобрување на инфраструктурата, нагласувајќи дека тоа е нејзиниот најголем инвестициски план во историјата.
„Нашата инфраструктура е основата на нашата услуга, но моментално е далеку од она што сакаме да им го понудиме на нашите патници како квалитетен аеродром во Холандија“, изјави извршниот директор Питер ван Орд.
Тој ја нарече најголемата инвестиција во историјата на „Шипхол“ клучна за враќањето на задоволството на патниците и „супериорната услуга на нашите авиокомпании“.
Аеродромот денеска објави и дека бројот на патници во првата половина од годината е зголемен за 11 отсто на 31,8 милиони, додека бројот на летови е зголемен за 12 отсто на 230.417 полетувања и слетувања, пишува NL Times.