Ѓорѓиевски: Единствен спас за Скопје е Арсовска да си поднесе оставка

од Илинка Илиоска
31 прегледи

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изрази подготвеност да иницира законски измени и да се одземат ингеренциите на Данела Арсовска доколку е потребно, со цел подобрување на условите во градот. Но, според него единствен спас за Скопје е градоначалничката да си поднесе оставка.

„Ние сме подготвени како група да иницираме и измени во законот доколку е потребно за да се овозможат подобри услови за функционирање на сите скопјани“, рече Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека иако министерот за локална самоуправа може да смета дека „законски е неприменливо да се премине директно кон одземање на ингеренциите“, ЗЕЛС е подготвен да предложи измена на законите „ако треба законски да се интервенира“. Според него, „ова е недопустливо да се дозволи и понатаму да се случува“.

Ѓорѓиевски додаде дека моменталните проблеми во Скопје не се ограничени само на јавниот транспорт, туку се протегаат во Водовод, Комунална хигиена, Паркови и зеленило. Тој нагласи дека „вината на крајот од денот е во менаџерот“, кој, според него, не придонесува за развојот на градот.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, исто така, изрази поддршка за законски измени, изјавувајќи дека би поддржал „какви било измени на кој било закон за да се реши ова, како што рече, лудило“.

Слични содржини