Приватните превозници во Скопје нема да возат од понеделник, сто и педесет автобуси помалку

од Milan1
62 прегледи

Приватните превозници донеле одлука да не возат од понеделник, пренесува Сител.

Тие донеле одлука дека ќе пуштат само по еден автобус на секоја линија во понеделникот наутро, по што ќе ги паркираат своите автобуси. Што значи дека според зимскиот возен ред ќе недостасуваат 150 автобуси.

Причината за ваквиот чекор е долгот на Град Скопје кон приватните превозници во висина од 2 милиони евра, како и неиспoлнeтото ветување за зголемување на тарифникот.

Слични содржини