📷Амал Клуни во мини фустан кој не дозволува да помине летото

од Vladimir Zorba
378 прегледи

Амал Клуни на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција пристигна во друштво на својот сопруг Џорџ Клуни, а нејзиниот впечатлив фустан им привлече око на многумина.

Славната двојка пристигна во нивната резиденција на езерото Комо и беа снимени од фотографите на брод, а потоа лежерно се прошетаа пред промоцијата на „Wolves“, американската акциона комедија со Џорџ Клуни, која премиерно ќе биде прикажана во недела, на 1 септември на фестивалот.

Адвокатката за човекови права за оваа пригода облече фустан кој не дозволува да помине летото. Мини фустанот без ракави доаѓа во весела жолта боја која одлично го истакнува тенот, а Амал во него изгледа како мало девојче.

Станува збор за парче без ракави кое е прилепено во горниот дел и малку се проширува на половината и е вистински пример за удобен летен фустан.

Својот аутфит го заокружи со обемна шапка со недовршен раб, а како голема љубителка на високите потпетици овојпат избра чевли ѕиркаат со полн ѓон, исто така удобен модел, погоден за пешачење.

Комбинацијата ја комплетираше со големи, црни очила за сонце, и едноставно ја пушти косата.

Слични содржини