Мицкоски го одби барањето на Арсовска: Нема да набави 250 автобуси

од Илинка Илиоска
46 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски го одби  барањето на Данела Арсовска тој да набави 250 автобуси оти советниците во градскиот совет не го дозволуваат тоа. Од Владата на градоначалничката ѝ порачаа прво да почне да ги плаќа ратите за автобусите од мандатот на Шилегов и да го исплати долгот кон приватните превозници.

„Арсовска свесно го уништува Град Скопје. Арсовска има уште една година од мандатот и по освоени 1.600 гласа на парламентарните избори се збогува со политиката. Таа како и нејзиниот коалициски партнер СДСМ, Левица и ДУИ сака после себе да остави целосно уништен град.
Тоа нема да го дозволиме.

Пред Арсовска да нуди дека парите за нови автобуси ќе ги ставела на посебна сметка, прво нека си ги плаќа ратите за автобуси набавени од Шилегов, за да не ги плаќа Владата која сега ги плаќа.

Второ Арсовска треба да ги исплати парите кон приватните превозници што им ги должи, а со чие функционирање се пополнува празнината на ЈСП во сообраќајот.

На скопјани им треба брзо решение за излез од состојбите, а тоа што го бара Арсовска е процес за набавка на автобуси што трае од една до една и половина година.

Данела Арсовска пред Владата и пред јавноста вети дека ќе достави план за озлез од катастрофалните состојби во Скопје. План нема, а излезот го гледа во тоа друг да ги купи автобусите и друг да го исчисти градот, што е нејзина обврска и надлежност.

Арсовска бараше програмите да бидат изгласани. Ние тврдевме дека за успешен град Скопје не е клучно гласањето на програмите туку ефикасен менаџмент. Програмите се изгласани, сега Арсовска смислува ново алиби за својата неуспешност“, велат од Владата.

Вчера Арсовска испрати отворено писмо до премиерот за набавка на нови автобуси за ЈСП.

Тешки нервози ги очекуваат скопјани од понеделник: И приватните превозници ќе возат само со по еден автобус

Слични содржини