Путин: Моите потомци течно зборуваат мандарински, но важен е и англискиот

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека помладите членови на неговото семејство течно зборуваат мандарински, но во исто време им порача на училишните деца дека не треба да заборават на важноста на англискиот јазик, иако кинескиот станува се попопуларен.

„Некои од моите помлади членови на семејството исто така зборуваат кинески – и тоа течно“, им рекол Путин на средношколците во Кизил, во регионот Тува, на околу 4.500 километри источно од Москва, пренесува Ројтерс.

Британската агенција потсетува дека Путин има две ќерки со поранешната сопруга Људмила и дека зборуваат руски, англиски, германски и француски јазик.

Слични содржини