Запалил електричен кабел по што избувнал пожар кој се проширил на околу 10.000 метри квадратни, кривична за кичевчанец

од Milan1
20 прегледи

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 27-годишниот Р.Х. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

„На 26.08.2024 во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, пријавениот запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни“, соопшти МВР.

Слични содржини