За разлика од другите општини во Неготино зголемен бројот на првачиња

од Milan1
34 прегледи

Бројот на првачиња во општина Неготино е зголемен. Во основните училишта во оваа општина годинава се запишани 10 првачиња повеќе од лани.

– Со гордост можам да истакнам дека наспроти тенденцијата во цела држава на намалување на бројот на новозапишани ученици, во двете основни и подрачните училишта во општина Неготино се запишани 10 првачиња повеќе од минатата година. Лани биле запишани 169, а оваа година 179 првачиња, соопшти градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.

Посочи дека и годинава од буџетот на Општината обезбедени се средства за исплата на еднократна парична помош од по 3.000 денари за секое прваче, што деновиве ќе бидат префрлени на сметките на родителите.

Слични содржини