Бранимир Јовановиќ, познат економски аналитичар, изрази сериозна загриженост за можните меѓународни последици од најавеното намалување на данокот на добивка за големите компании. Според него, ако Македонија ја намали стапката на данок на добивка на 5 проценти, земјата ризикува да се најде на црната листа на ОЕЦД и Европската унија како несоработлива земја на даночни прашања.
„Ако Владата остане на својата намера, Македонија може да биде прогласена за офшор даночна дестинација, што би имало катастрофални последици за репутацијата на земјата. Ова е сценарио кое сериозно може да го наруши имиџот на Македонија на меѓународната сцена,“ предупредува Јовановиќ.
Тој додава дека со ваквата политика, Македонија не само што нема да привлече нови инвестиции, туку и ќе се соочи со потенцијални санкции од меѓународната заедница. „Владата мора да разбере дека ваквиот потег е неодржлив и дека може да има далекусежни негативни ефекти за земјата,“ заклучува Јовановиќ.