Битиќи: Интерпелацијата против Гаши е шовинистичка

од Nikola Popovski
68 прегледи

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер, Фатмир Битиќи со спротивствен став во однос на неговата партија околу интерпелацијата против претседателот на Собранието Африм Гаши.

Битиќи ја нарече националистичка, шовинистичка и ксенофобична интерпелацијата против Гаши, која беше покрената по иницијатива на Левица. Тој ова го изјавил за дел од медиумите на албански јазик во земјава, пред да влезе во зградата на Собранието.

Пратениците од опозициската СДСМ вчера одлучуја да гласаат за отповикување на Гаши, а народните избраници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.

Иницијативата ја поднесе Левица и како што оттаму велат истата е заснована од седум причини меѓу кои – повреда на секуларноста на државата, скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје со косовската претседателка како и повреда на употребата на македонскиот јазик.

Слични содржини