Вчеравечер била каменувана куќата на кикбоксерот, Бобан Илиоски. Инцидентот се случил, откако Илиоски физички се пресметал со едно лице кое претходно нападнало член од неговото семјество.
– Околу 22.20 часот кога Илиоски со уште едно лице физички го нападнале 28-годишниот Е.Л. од Скопје. Лицето Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св. Наум Охридски”, информираат од МВР.
Бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.