30
Германската влада одобри дополнителни даночни олеснувања за компаниите кои купуваат електрични возила (ЕВ) во просечен годишен износ од 465 милиони евра меѓу 2024 и 2028 година, се вели во документот што денеска го сподели владата во Берлин.
Според новите прописи, за кои се уште е потребна поддршка од законодавците, компаниите ќе можат да ја користат државната поддршка за амортизација, почнувајќи од 40 проценти во првата година.
Владата, исто така, ќе дозволи поскапите корпоративни возила да се квалификуваат за даночни олеснувања кога се користат приватно, пишува Блумберг.