49
Земјите од БРИКС ќе го разгледаат барањето на Турција за учество во организацијата, најави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„Турција поднесе барање за полноправно членство. Ќе го разгледаме“, рече Ушаков, пренесува РИА Новости.
Пред неколку дена Блумберг, повикувајќи се на извори, објави дека Анкара официјално поднела барање за приклучување кон БРИКС.