Скандал во Шпанија: Уапсен фудбалер, веднаш се огласи неговиот клуб

од Nikola Popovski
20 прегледи

Шпанскиот фудбалер кој игра за Валенсија, Рафа Мир, е уапсен под сомнение дека сексуално нападнал две девојки во својот дом.

Инцидентот се случил во неделата вечерта, како што пренесува шпански „Кадена СЕР“.

Жртвите кои се на возраст од околу 25 години, случајот веднаш го пријавиле во полиција.

Мир моментално е во притвор. Се верува дека случајот би можел сериозно да ја загрози неговата кариера.

По тој повод, се огласија и од неговиот клуб Валенсија.

„Во врска со медиумските извештаи кои се појавија во врска со апсењето на фудбалерот на Валенсија, Рафа Мир, ве известуваме дека клубот е запознаен со споменатото апсење. Во отсуство на детали, клубот засега може само да потврди дека ќе соработува во се што може да побара правдата“, изјавиле од Валенсија.

Рафа Мир во пресрет на оваа сезона пристигна во Валенсија на позајмица од Севиља.

Слични содржини