Уапсени 12 лица во Кочани, полицијата ги фатила како играат „комар“

од Milan1
56 прегледи

– Денеска во 02.00 часот, по полноќ по претходна наредба од судот во Кочани, при извршен претрес на помошна просторија од куќа во Кочани биле уапсени 12 лица кои се сомничат дека сториле кривично дело „комар“

Од слобода биле лишени С.А.(35), А.К.(32), И.М.(44), М.П.(33), Д.Д.(30), К.З.(36), З.М.(43), М.П.(35), П.Е.(28), В.Д.(37), О.В.(46) и Г.С.(34), сите од Кочани, информираат од МВР.

При извршениот претрес биле пронајдени и одземени пари, мобилни телефони и чипови. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини