Денес во Македонија ќе продолжи да преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе биде од 11 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 25 до 36 степени.
Во Скопје и во околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.
Денес ќе има изолирана појава на нестабилност, а од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.