Шефот на турската дипломатија Фидан доаѓа во посета на Македонија

од Nikola Popovski
135 прегледи

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан денеска доаѓа во официјална посета на Република Северна Македонија. За време на посетата тој ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и со неговиот колега од дипломатијата, Тимчо Муцунски.

Фидан се очекува да разговара и со припадниците на турската заедница во земјава. Предвидено е да се разговара за билатералните односи и регионалните прашања.

Ќе се зборува и за прашања поврзани со безбедноста, вклучувајќи ја и борбата против групата ФЕТО. Анкара смета дека свештеникот од Њујорк, Ѓулен, е одговорен за неуспешниот државен удар во Турција во јули 2015 година и оттогаш неговите поддржувачи ги нарекува ФЕТО, што претствува кратенка за терористичката организација Фетулах.

На дневен ред ќе бидат и прашања поврзани со зајакнување на економските односи, зајакнување на односите во областа на воената и одбранбената индустрија, зголемување на инвестициите во различни сектори како градежништвото, енергетиката и инфраструктурата.

-Според последниот попис на населението, во Северна Македонија живеат околу 83.500 Турци. Ова претставува приближно 4 проценти од вкупното население. Правото на Турците на образование на мајчин јазик и создавање на јавни вработувања пропорционални на големината на населението се меѓу приоритетните прашања за Турција, објави Си-Ен-Ен Турк.

Слични содржини