46
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе ја поддржи демократската кандидатка Камала Харис на претстојните претседателски избори во САД.
Говорејќи на пленарната сесија на Источниот економски форум во Владивосток, Путин истакна дека Камала Харис има „заразна смеа“, наведувајќи го ова како причина за руската поддршка за неа, а не за нејзиниот републикански противник Доналд Трамп, пренесува „Известија“.
Рускиот претседател истакна дека ја смета Камала Харис за фаворит, откако актуелниот американски претседател Џо Бајден се повлече од трката за Белата куќа.