Извршниот директор на „Дојче банк“, Кристијан Зевинг денеска ги повика Германците да работат понапорно за да помогнат во обновата на германската економија, велејќи дека просечната работна недела во Европската унија е околу 34 часа, во споредба со околу 28 часа во Германија.
– Инвеститорите веќе се сомневаат во нашата способност за реформи, но особено во нашата способност и нашата волја за реформи. Поголем раст во Германија ќе дојде само ако го промениме односот кон работата, ако сме подготвени да работиме поинаку, но воопшто да работиме се повеќе и повеќе – рече тој.
Зевинг рече дека Германија треба да прифати подолги работни недели.
– Нема да успееме со просечни 28 часа неделно и пензија која започнува на 63 години – рече тој и изрази загриженост за резултатите од регионалните избори во Тирингија и Саксонија, каде заврши десничарската екстремистичка партија АфД заврши на прво и второ место.
– Жалам за силниот прилив на поддршка за партиите со екстремни позиции и, како и повеќето од нас, би сакал поинаков исход – рече тој и додаде дека политичката нестабилност во земјата ќе ја намали атрактивноста на Германија како инвестициска дестинација.