Прилепските локални власти, заедно со кризниот штаб, попладнето упатија апел до оние кои имаат имоти во мариовското село Крушевица за да се упатат таму, поради големата опасност од пожарот.
– Сите кои што имаат имот во селото Крушевица, ве замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)! Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да помогнат, се вели во апелот од општина Прилеп.
Инаку големиот пожар во Мариово не стивнува и се проширува и во пониски делови. Преку 150 професионалци се на теренот и главен приоритет им е да ги спасат населените места од опасноста на огнената стихија која опфатила преку 10 000 хектари, главно ниска вегерација, а огнената линија е на преку 30 километри.