Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва е најновиот фудбалер кој се пожали на напорната сезона и бројот на натпревари кои треба да се одиграат.
„Кога играчите се жалат, луѓето велат дека не треба да го прават ова поради животот што го живеат. И тие се во право затоа што ние го живееме сонот, поради она што го правиме. Од друга страна, распоредот е апсолутно луд. Штотуку ја добивме веста, имаме само еден слободен ден за натпреварот од Карабао купот. Играме со Арсенал, имаме слободен ден, па гостуваме во Вотфорд. Веројатно ќе играме на секои три дена со месеци ако не испаднеме од натпреварувањата во кои сме. Ова е апсолутно апсурдно“, се пожали Португалецот за локалното издание „Рекорд“.
„Во Лигата на шампионите, доколку не се пласирате директно во осминафиналето, дури ќе треба да одиграте уште два натпревари. Точно е дека составите се поголеми, но не можам да кажам дека е лесно. Не беше лесно. Поминувам многу малку време со моето семејство и пријателите. Количината на натпревари на кои сме подложени е апсолутно апсурдна“, додаде Бернардо Силва.
Многу играчи и тренери се пожалија на сè потешкиот циклус на натпревари, а Синдикатот на професионални фудбалери (ФИФПро) вчера ја изрази својата загриженост, а поготви и бројки за да ги поткрепи нивните грижи.