44
– Вчера вечер, во 22.05 часот во СВР Скопје, 21-годишната Б.Ч. од Република Турција пријавила дека во 19.44 часот на подрачјето на Центар, едно лице–таксист, кој управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и кој ги превезувал неа и нејзиниот татко Ф.Ч.(47) им побарал 2.500 денари за дестинација која била кратка, по што пријавителката се побунила за износот, но таксистот со употреба на физичка сила од нејзината рака и одзел 2.000 денари, а потоа ги истерал од такси возилото, информираат МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.