Со овие зборови сопругата и децата за последен пат се простија од Бора Ѓорѓевиќ

од Nikola Popovski
211 прегледи

Бора Ѓорѓевиќ почина на 71-годишна возраст во Љубљана, а погребот по негова желба ќе биде организиран денеска во Чачак.

Приемот за сочувство бил закажан во 13:00 часот во капелата на Градските гробишта во Чачак, опелото ќе започне во 14:00 часот, а погребот е закажан за во 14:30 часот.

На гробиштата веќе се собираат членови на семејството на Бора Ѓорѓевиќ, пријатели и бројни почитувачи на неговото дело.

Огромен венец од бели рози е поставен на ковчегот пред капелата.

Тој венец е од семејството, сопругата Дубравка, синот Борис и поќерката Тамара.

„Последен поздрав до саканиот Бора. Дубравка, Борис, Тамара, Петар, Бојана, Милица, Даша и Нада“, стои на венецот.

Слични содржини