Принцот Хари ќе добие осум милиони фунти кога ќе наполни 40 години, откако кралицата мајка им оставила значителна сума пари на своите правнуци пред 30 години, пишува „Дејли мејл“.
Фондот вреден 19 милиони фунти го основале во 1994 година кралицата Елизабета и мајката на кралицата, кога Хари имал 10 години, со цел за да им го подели на внуците, стои во текстот на англискиот медиум.
Првата исплата требале да ја добијат на 21-виот роденден, а втората на 40-от роденден. Извори од кралската палата тврдат дека Хари добил поголема сума од Вилијам.
Поранешен вработен за „Тhe Times“ изјавил дека „фондот е основан во тоа време“.
„Тоа беше начин на кралицата мајка да им остави пари на своите правнуци кога ќе пораснат и начин да пренесе дел од нејзините средства на даночно ефикасен начин“, рекол тој.
На нивниот 21 роденден, секој брат ќе добие по шест милиони, што ќе се зголеми на осум на 40-тиот роденден на Хари, кој Хари ќе го прослави на 15 септември.
Принцовите Вилијам и Хари, заедно со нивните роднини, се верува дека се корисници на фондот.