30
Американскиот претседател Џозеф Бајден поминал 532 дена на одмор, што е околу 40 отсто од 1.326 дена на функцијата, пишува Њујорк пост, повикувајќи се на податоци од Републиканскиот национален комитет (РНЦ).
Како што се наведува според извештајот, на просечниот Американец, кој има 11 денови за одмор, би му требале приближно 48 години за да го акумулира тој број на слободни денови.
„Сликата на Бајден како длабоко спие и лежи на грб на столчето за плажа додека Америка и светот се во пламен ќе го дефинира претседателскиот мандат на Бајден“, рекол Марк Паолета, поранешен републикански генерален советник во Канцеларијата за буџет на Белата куќа.