Скандал во Швајцарија: Политичарка по потекло од БиХ пукала во слика од Богородица и Исус

од Nikola Popovski
63 прегледи

Санија Амети, швајцарска политичарка со босанско-херцеговско потекло и копретседателка на движењето „Операција Либеро“ се наоѓа во центарот на скандал откако на Инстаграм објави фотографија на која пука во Богородица со Исус Христос во рацете.

Аукциската куќа Колер е позната по раскошните уметнички каталози. Еден од мотивите, приказот на Дева Марија со Исус, особено ѝ се допаднал на Санија Амета и тоа како мета за пукање.

На Инстаграм, Амети, која сака да го поминува слободното време на стрелиште, објавила две фотографии како пука. На едната фотографија од светите личности може да се видат околу дваесет дупки од куршуми.

„Блик“ ја прашал Амети зошто ги избрала Марија и Исус за своја цел. После тоа, таа веднаш ја избришала објавата и побарала прошка.

Нејзиното објаснување на Инстаграм гласело: „За да пукам на растојание од 10 метри, ми требаа предмети што беа доволно видливи. При рака го имав само каталогот Колер, кој беше доволно голем. Не обрнав внимание на содржината на сликата. Тоа не беше во ред. Искрено, се извиувам ако повредив некого“.

Во разговор за „Блик“, Ахмети била уште појасма:

„Од моја страна беше апсолутно глупаво. Не размислував за тоа, многу ми е жал. Ги молам луѓето што ги повредив да ми простат“.

Иако некои медиуми објавија дека по потекло е од Косово, во нејзината биографија стои дека е родена во Босна во 1992 година и дека со родителите во 1995 година побегнала во Швајцарија. Самата во интервју за „Аlbanian post“ изјавила дека не е Албанка, но има некои роднини од Косово.

Слични содржини