33
Актерот Џејмс Ерл Џонс почина на 94-годишна возраст, објавија американските и светските медиуми. Тажната вест ја потврдија од Здружението на независни уметници.
Ќе го паметиме по бројни улоги, а најпознат е по тоа што го позајми гласот за еден од најпознатите филмски негативци – Дарт Вејдер.
View this post on Instagram
Џејмс Ерл Џонс е роден на 17 јануари 1931 година во Аркабутла.
Покрај улогата на Дарт Вејдер во „Војна на ѕвездите“, глумеше и во други значајни остварувања како што се „Д-р Стрејнџелав“, „Истерувач на ѓаволот 2: Еретик“, „Принц ја открива Америка“, „Лов на црвениот Октомври“, „Гол пиштол 3“, „Патриотски игри“, а исто така, го позајми гласот на Муфаса во цртаниот филм „Кралот лав“, „Страшен филм 4“ и други.