Netflix на своите официјални профили на социјалните мрежи откри дека официјално започна продукцијата на хит комедијата Happy Gilmore од 1996 година со Адам Сендлер во главната улога.
Веста воодушеви многу фанови на оригиналниот филм, а стриминг сервисот објави фотографија од хокеарскиот дрес на Бостон Бруинс со ознака со името на Хепи Гилмор, пишувајќи: „Happy Gilmore 2 е официјално во продукција“.
Да потсетиме, заплетот на првиот филм ја следеше приказната за еден млад човек по име Хепи Гилмор, кој многу сакаше да стане професионален хокеар, но беше многу неталентиран и несмасен на мразот.
Меѓутоа, кога даночните власти се заканија дека ќе ја земат куќата на неговата баба, младиот Хепи сфати дека е време да стане сериозен и да направи нешто за да ја врати куќата на неговата баба.
Тој во себе препознава вроден талент за играње голф и сфати дека неговите топки летаат подалеку од оние на голф играчите.
Хепи одлучува да стане нов шампион во голф и да освои вредни награди и на тој начин да го исплати даночниот долг на баба му.