Работна група ќе изнаоѓа трајно решение за катната гаража кај Собранието

од Milan1
20 прегледи

Во Собранието денеска за првпат се одржа средба помеѓу претставници на државни институции кои разговараа за долгогодишното прашање за катната гаража пред Собранието.

Иако Собранието нема директни надлежности во градежниот процес, презеде иницијатива во водењето на дискусиите за решавање на ова прашање.

На денешната средба присуствуваа претставници од Собранието, Владата, Општина Центар, Државниот правобранител, Бирото за јавна безбедност (БЈБ), АНГО ДООЕЛ и Министерството за транспорт.

-Сите страни постигнаа договор за формирање работна група, со цел да се најде трајно и стратешко решение.
Оваа средба имаше за цел да обезбеди комуникација и да се обезбедат сите информации и состојби, со намера да се најде трајно решение кое ќе биде од корист и за јавноста и за Собранието, информираат од Собрание.

Оттаму додаваат дека ова прашање е од големо значење за Собранието и се посветени да обезбедат ефикасно решавање.

Слични содржини