Моноетничката и антиалбанската политика на Владата, која има за цел да поставува крстови и цркви во секое населено место, узурпирајќи јавна сопственост и без соодветна дозвола и документација, е една од најопасните форми што ги нарушуваат меѓуетничките односи и предизвикуваат тензии во земјата, велат од Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села.
Во соопштението се додава дека „откако градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани, и општинската инспекција ги запреа нелегалните градежни работи и узурпацијата на земјиштето во близина на црквата во Врапчиште, ВМРО мобилизираше активисти од Гостивар кои го блокираа објектот на Општина Врапчиште, заканувајќи му се на градоначалникот и загрозувајќи го неговиот живот“.
„Дали ова е уште еден доказ дека Мицкоски и неговите партнери по секоја цена сакаат сценарија за дестабилизација?“, прашуваат од Алијанса за Албанците.